Connect with us

Кошарка

КК Пелистер во продажба ги пушти билетите за првиот европски домашен натпревар

За историскиот прв домашен натпревар КК Пелистер во продоажба ги пушти билетите. Во Битола во рамки на ФИБА Европскиот куп гостува екипата на Превидза од Словачка.  Натпреварот ќе се игра во среда на 22.октомври во салата „Боро Чурлевски“, а почетокот е во 19 часот.

Цената на билетот за оваа европска битолска премиера изнесува 200 денари, а истите од денеска се пуштени во прдажба во „ЗИКС“. На денот на натпреварот, влезници ќе можат да се купат и на билетарата од салата „Боро Чурлевски“.

Во првиот натпревар од групата „пелистерци“ загубија на гостувањето во Загреб од Цедевита Јуниор, а третиот ривал во групата е тимот Керавнос од Кипар.