Connect with us

Општини

Александар Китански повторно избран за градоначалник на Пехчево

Досегашниот градоначалник на Пехчево, Александар Китански, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, прогласи победа.

-Пехчево направи вистински избор.
Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Пехчево докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа.
На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле.
Новиот мандат нема да биде нова иднина, туку сегашност што сме ја посакувале!
Благодарам мое Пехчево.
Благодарам мои Пехчевци, напиша Китански на фејсбук.