Connect with us

Општини

Пецаков победник во првиот круг, Дебрца градоначалникот ќе го добие на 2 ноември

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата, Кирил Пецаков, го доби вториот градоначалнички мандат, со освоени речиси 64 проценти од гласовите на вчера одржаните Локални избори.

Според официјалните непотврдени резултати на ДИК, за Пецаков вчера гласале 16.565 граѓани на Охрид или 63,91 отсто од бројот лица што излегле на изборите, наспроти противкандидатот на опозицијата, Асен Шајн, кој ја доби довербата на 6.151 гласач или 23,73 отсто од гласовите. Независните кандидати Гоце Цветкоски и Стевчо Стевоски освоија 830 односно 450 гласа соодветно.

Во идниот состав на 23-члениот Совет на Општина Охрид, според пресметаните гласови согласно Донтовиот метод, владејчката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 12.680 гласа би имала 13, СДСМ со 4.637 – пет , ЗНАМ со 2.116 – две и листите на Левица (1.372), на Група граѓани Р. Хода (970) и на Демократската партија на Турците (929) по еден советнички мандат.

Во општините Охрид и Дебрца сите избирачки места се отворени, а гласањето и изборниот процес се одвива непречено и без какви било нерегуларности.

Општина Дебрца не избра градоначалник во првиот круг од изборите, така што на 2 октомври за функцијата ќе се борат Златко Сиљаноски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со освоени 1.212 гласа или 48,1 отсто од граѓаните кои вчера излегоа на гласање и актуелниот градоначалник и независен кандидат за функцијата, Зоран Ногачески, чија кандидатура вчера ја поддржаа 663 лица или 26,31 отсто од гласачите.

Што се однесува на резултатите по однос кандидираните советнички листи, согласно целосните непотврдени официјални резултати на ДИК, во идниот состав на 11-члениот Совет на Општина Дебрца владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 1.136 гласа би имала седум советници, Коалицијата на СДСМ со 538 гласа – три и едно место во советот со освоени 216 гласа би обезбедила листата на Коалицијата „Искуство за успех“.

Резултатите се согласно стопроцентно обработените материјали доставени од двете ОИК, но се уште не се официјални поради отворениот рок за приговори