Connect with us

Општини

Во Струга и Вевчани навреме отворени сите избирачки места, гласањети тече непречено

Во општините Струга и Вевчани сите избирачки места се отворени навреме, точно во 7 часот и гласањето за локалните избори тече нормално, потврдија за МИА претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска.

  • Сите 101 избирачко место во општина Струга се отворени навреме и процесот на гласање тече нормално, изјави Жута.

Гласањето почнало навреме и се било во најдобар ред и на трите избирачки места во Вевчани, каде право на глас во единствениот избирачки список имаат 2.090 лица.

  • Изборниот процес почна добро, избирачките места беа отворени точно во 7 часот. Во најдобар ред помина и предавањето на избирачкиот материја и гласањето на болни и немоќни лица вчера, изјави Кукоска.

Во Струга и струшко вчера во домашни услови за гласање беа пријавени 296 болни и изнемоштени лица и седуммина затвореници, додека во Вевчани гласа деветтмина болни и изнемоштени и еден затвореник.

Вевчанци ќе бираат меѓу тројца кандидати за градоначалник и четири советнички листи.

За градоначалничката функција во Струга ќе се избира меѓу девет кандидати, додека за членови на Советот ќе се бира од 10 советнички листи. Право на глас во избирачкиот список, според Државната изборна комисија, имаат 61.956 лица.