Connect with us

Општини

Во Кочани во својот дом гласале 131 од пријавените 135 болни и немоќни лица

Според податоците добиени од Општинската изборна комисија на Кочани, своето право на глас во категоријата болни и немоќни денеска го искористиле 131 од  претходно пријавените 135 лица за гласање во својот дом. Четворица не го оствариле своето гласачко право.

Претседателката на ОИК Кочани, Билјана Димовска Гичева, информираше дека гласањето е спроведе во согласност со изборната регулатива и здравствените протоколи.

Изборниот ден во Кочани утре ќе се одвива на 63 избирачки места, распоредени на 59 локации.

Граѓаните избираат меѓу шест кандидати за градоначалник и девет листи за Општинскиот совет, а право на глас имаат 32.446 лица.