Општини
Во Дебар и Центар Жупа гласаа 87 болни и изнемоштени лица

Во општините Дебар и Центар Жупа своето право на глас во домашни услови денеска го остварија 87 болни и изнемоштени лица што е за 50 повеќе од изборите во октомври 2021 година.
Во општина Дебар од доставените 83 барања беа прифатени 80, а гласаа 76 болни и изнемоштени лица. Денеска и изборниот материјал е распределен без проблеми и очекуваме утре се да мине во најдобар ред, изјави за МИА претседателот на Општинската изборна комисија, Рилинд Хаса.
Според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, во општина Центар Жупа за гласање во својот дом биле пријавени 12 лица, а денеска гласале 11.
На последните локални избори во општина Дебар правото на глас го оствариле 20, додека во Центар Жупа 17 болни и изнемоштени лица.
Утре во општина Дебар изборниот процес ќе се одвива во 27 избирачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 19 762 граѓани или 551 повеќе од последните локални избори.
Во соседната општина ќе се гласа на 16 избирачки места, а правото на глас треба да го остварат 7 551 или 234 повеќе споредено со изборите пред четири години.
октомври 19, 2025