Connect with us

Вести

Меџити побара оставка од Ахмети и му честиташе за изборната победа во Пласница

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити истакна дека очекува триумф во повеќето општини со мнозинско албанско население во земјава, и дека очекува победа уште во првиот круг во Чаир, пред кандидатот од НАИ, Бујар Османи. Честиташе победа на ДУИ и Ахмети во Пласница.

„На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет, да им честитам за победата во Пласница, додека во другите општини убедливо води ВЛЕН. Во Чаир сме тука да ја прославиме победата на ВЛЕН уште во првиот круг. Тие посакуваа да се мериме во Чаир и Тетово, и таму убедлива победа ќе издвојува ВЛЕН, како и во други општини доаѓаат резултати дека ВЛЕН е легитимен победник.

Очекувам уште во првиот круг ќе имаме 4-5 општини и ќе водиме во повеќето албански општини на нивото на државата. Сакам да напоменам дека нема цензус во Врапчиште, додека во Гостивар е на граница да нема цензус“, рече Меџити.