Општини
До 15 часот во Прилеп гласале 30,06, а во Крушево 47,35 проценти од избирачите

Изборниот процес во Прилеп и општините во Регионот проетекува непречено и без проблеми, информираат од општинските изборни комисии во Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани.
До 15 часот, во Прилеп на гласање излегле 30,08 проценти од запишаните 62 053 избирачи кои денеска своето право на глас го остваруваат на 126 избирачки места и бираат нов градоначалник меѓу 9 кандидати.
Во Крушево излезноста до 15 часот е 47,35 проценти, во мултиуетничката општина Долнени е 34 проценти, а во општина Кривогаштани до 15 часот гласале 39,6 проценти од запишаните избирачи на 39 гласачки места.
октомври 19, 2025