Општини
До 13:00 часот излезеноста 20,12 отсто, во Скопје 20,07 проценти

До 13:00 часот се пристигнати податоци од 3.207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристигнати податоците е 1.666.298, а од нив гласале 335.244, соопштија од ДИК. Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31 процент…
Најголема излезеност има во Богданци 27,31 проценти, Вевчани 33,76, Градско 26,01, Дебарца 28,42, Демир Капија 29,25, Дојран 30,74, Кратово 30,01, Крива Паланка 32,42, Лозово 31,86, Новаци 36,52, Ранковци 32,07 и Чашка 40,74 проценти. Најмала излезеност е регистрирана во Босилово 12,96 отсто, Врапчиште 7,23, Гази Баба 18,97, Гостивар 11,66, Дебар 13,87, Желино 17,19, Јегуновце 17,50, Маврово и Ростуше 14,45, Пласница 18,88, Радовиш 17.97, Струга 16 проценти и Шуто Оризари 13,76 проценти, информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција на ДИК.
Во Град Скопје излезеноста е 20,07 отсто или по општини: во Аеродром 20,63, Бутел 20,69, Гази Баба 18,97, Ѓорче Петров 19,67, Карпош 21,69, Кисела Вода 20,89, Сарај 21,18, Центар 22, Чаир 19,17 проценто и Шуто Оризари 13,76 отсто.
Споредбено со локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 13:00 часот, излезеноста во Скопје била 20,76 отсто, истакна Тодоровска Алексовска.
октомври 19, 2025