Connect with us

Општини

Дарко Трајков од Кавадарци освои бронзен медал на последното светско првенство во брзо примање и предавање на Морзеови знаци

Дарко Трајков од Кавадарци освои бронзен медал на последното светско првенство во брзо примање и предавање на Морзеови знаци, соопштија вечерва од неговиот тим.  

– Се работи за брзо примање и предавање на Морзеови знаци, High speed telegraphy во дисциплината  RUFZ( прием на радио аматерски знаци). Тоа е голем успех за една мала држава како Македонија. Голем успех за Кавадарци, споделија од неговиот тим.

Притоа појаснија дека светското првенство во Игало, Црна Гора, се одржува од 13 до 19 октомври. 

– Трајков годинава како репрезентативец на Македонија, учествува на сопствен трошок. Тој повеќе од петнаесетина години е дел од македонската репрезентација,  досега се закити со голем број признанија меѓу кои и титулата европски првак, а во истата дисциплина бил и второ рангиран во светот. Вели дека овој бронзен медал е уште една негова гордост со љубов освоена во боите на Македонија, подвлекоа од неговиот тим