Општини
ОИК Битола: Во Битола гласаат лица во старски домови, затвореници и болни и немоќни лица

Општинската изборна комисија (ОИК) во Битола информира дека утрово во 7 часот почна гласањето во двата домови за стари лица и во битолскиот затвор.
Во изјава за медиумите, претседателот на ОИК Игор Талевски посочи дека денеска ќе гласаат и 141 болни и немоќни лица.
-Гласањето почна и се гласа во старскиот дом „Сју Рајдер“ каде може да гласаат 70 лица, во домот „Софија“ каде може да гласаат 38 лица и во битолскиот затвор каде се евидентирани 105 затвореници. Паралелно непречено се одвива процесот за предавање на изборниот материјал од ОИК Битола на избирачките одбори каде има пријавени болни и немоќни лица кои денес ќе го спроведат гласањето за 141 лице на нивните домашни адреси, потврди Талевски.
октомври 18, 2025