Connect with us

Фудбал

Медиуми: Потер главен кандидат за шведски селектор

Шведската фудбалска асоцијација бара нов селектор, а англискиот стратег Греам Потер е фаворит да го наследи на клупата Јон Дал Томасон, објави денеска весникот „Експрессен“.
Според истиот извор, Потер е главен кандидат за селекторското место и се очекува разговорите да започнат во блиска иднина.
Потер е без ангажман откако беше отпуштен од Вест Хем во септември.
Доколку седне на селекторската клупа, Потер ќе се врати во шведскиот фудбал каде беше тренер на Естерсунд од 2011 до 2018 година.