Connect with us

Фудбал

ЛЕ: Забрана за навивачи на Макаби на гостувањето во Бирмингем

Навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив нема да можат да присуствуваат на натпреварот од Лига на Европа против Астон Вила во Бирмингем од безбедносни причини, објави денеска локалната полиција.
Како што пренесува Би-Би-Си, полицијата изрази загриженост дека нема да може соодветно да одговори на можните протести за време на натпреварот што ќе се игра на 6 ноември на Вила Парк.
„Клубот е во постојан контакт со Макаби и локалните власти како дел од овој процес. Безбедноста на навивачите и жителите околу стадионот е приоритет при донесувањето каква било одлука“, објави Астон Вила.
Одлуката предизвика бројни реакции од политичарите во Велика Британија. Премиерот Кир Стармер го нарече потегот „погрешна одлука“, додека лидерката на Конзервативната партија, Ками Баденох, ја нарече одлуката „национален срам“.