Кошарка
Казни од Евролига за коментари на судењето

Кошаркарската Евролига ги објави казните за сите кои во изминативе три кола го коментираа судењето. Вкупно ќе бидат наплатени 23.000 евра, од лицата (клубовите) на кои им се изречени паричните казни.
Највисоката е за претседателот на КК Басконија Хозан Керехета, поради некоректно однесување кон судиите за време на натпреварот од 4.коло против Панатинаикос. Според соопштението на Евролигата тој на полувреме ја напуштил ложата и во пред судиската соблекувална им упатил приговори на судиите, а казната е за немање почит кон службените лица.
Другите тројца се казнети поради јавните коментари за судењето: Еторе Месина (тренер Олимпија Милано) – 3.000 евра (натпревар од 3.коло против Монако); Шејн Ларкин (капитен Анадолу Ефес) – 5.000 евра (натпревар од 2.коло против Хапоел Тел Авив) и Џеријан Грант (играч Панатинаикос) – 5.000 евра (натпревар 2.коло против Барселона).
Евролигата оваа одлука ја донесе во време кога има дискусии за квалитетот на судењето, но со овој чекор јасно стави до знаење дека понатаму нема да толериран јавна критика без последици.
октомври 18, 2025