Фудбал
Рекордни приходи во касата на Интер

Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во изминатата финансиска година, објави денеска клубот од Милано.
Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер, туку и за италијанскиот фудбал во целина. Претходниот рекорд го држеше Јувентус со приходи од 464 милиони евра.
„Финансискиот извештај што го презентираме денеска означува историска пресвртница, за прв пат во модерната историја на Интер регистриравме нето добивка“, изјави претседателот Џузепе Марота.
Рекордните приходи на Интер се резултат на зголемените приходи од домашните и европските натпреварувања, како и учеството во првото издание на проширеното Светско клупско првенство
Интер ја заврши финансиската година со нето добивка од 35,4 милиони евра, во споредба со загуба од 35,7 милиони евра во претходната финансиска година
октомври 17, 2025