Connect with us

Фудбал

Тухел ќе разговара со Белингем

Селекторот на Англија, Томас Тухел, објави дека ќе разговара со Џуд Белингем, во врска со натпреварите на репрезентацијата во ноември.

– Дали ќе разговарам со Белингем? Мислам дека да, зошто да не? Секако. Тој е врвен играч, важен играч. Ќе разговарам со многу од момците, вклучувајќи ги и оние кои добиваат пораки од мене, но не се во тренинг камп, бидејќи е важно да се одржува контакт со другите играчи, не само со оние кои моментално се во националниот тим, изјави Тухел за „Скај Спортс“.

Германецот, исто така, истакна дека не сака да се фокусира на ниту еден играч и верува дека медиумите премногу внимание посветуваат на Белингем.

Фудбалерот на Реал Мадрид беше изоставен од составот на Англија за натпреварите со Велс и Латвија во октомври.