Кошарка
Споелстра назначен за селектор на американската репрезентација

Тренерот на Мајами Хит, Ерик Споелстра, е назначен за селектор на американската кошаркарска репрезентација, објави „Ју-Ес-Еј Баскетбол“.
Договорот важи до 2028 година. Споелстра доаѓа на местото на Стив Кер, кој беше селектор од 2022 година.
Педесет и четиригодишниот Споелстра е главен тренер на Мајами Хит од 2008 година, каде што освои две НБА шампионски титули.
октомври 16, 2025