Connect with us

Вести

Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими грчкиот професор Јанис Армаколас, директор на Програмата за Југоисточна Европа во Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) и на иницијативата „Тhink nea – Нови наративи за интеграција во ЕУ“.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, професорот Армаколас ја запознал Сиљановска-Давкова со нивната истражувачка работа којашто е фокусирана на проширувањето на Европската Унија.

Сиљановска-Давкова и Армаколас разговарале за можните решенија во насока на откочување на македонските евроинтеграции и за евентуалната опасност од изоставање на некоја земја од Западниот Балкан.

– Се согласија дека од полноправното членство на сите земји од регионот, освен Западниот Балкан, бенефит ќе има и Европската унија, се наведува во соопштението.

На средбата станало збор и за процесот на зачленување на државава во Европската организација за јавно право (EPLO), коешто ќе придонесе за промовирање на владеењето на правото и принципите на ефикасно институционално управување.