Connect with us

Општини

Поставени нови семафори во Велес

На фреквентната крстосница во Велес во близина на општинската зграда се заменети старите и монтирани нови градски семафори кои веќе се  ставени во функција за возилата и пешаците. Семафорите кои се од најнова технологија, Општина Велес ги набави со средства предвидени од предлог  – измените на  Програмата за ребаланс на општимскиот буџет, а беа изгласани на седница на Советот на Општина Велес.

Како што појаснија од локалната самоуправа, новите градски семафори се поставени наместо 20 години старите дотраени градски  семафори, кои беа изработени според стара технологија и  постојано се расипуваа, а  неможеа да се најдат ни резервни делови.

Поради честото неработење на семафорите, некогаш и  по цел месец, пешаците и возачите во Велес секојдневно реагираа до локалната власт, поради што Општина Велес се реши на ваква одлука која беше прифатена и беше дадено зелено светло од Советот.

Возачите и пешаците во изјавите велат дека се задоволни и ја поддржуваат одлуката за поставување на новите семафори во Велес. На новите градски семафори посебно се израдуваа кандидатите кои се обучуваат за полагање на возачки испит преку авто – школите.

Инаку еден крак од оваа фреквентна  крстосница во Велес, води дирекно  и кон еден од излезите на градот и постојано е пребукиран со  поминување на тешки товарни и други возила, автобуси и комбиња.