Connect with us

Општини

Пецаков: Охридското Езеро се штити со дела, не само со зборови

Охридското Езеро е нашето најголемо богатство. Тоа се штити со дела, а не само со зборови. Предолго гледавме како Охрид пропаѓаше без грижа и без план. Заедно го променивме тоа. Тоа го порача кандидатот за иден градоначалник на Охрид, предложен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Кирил Пецаков.

„Овде сум како човек кого го познавате. Со својата желба, волја и мотив, да продолжиме уште посилно и поодлучно. Имаме иста грижа и исти соништа. Да изградиме Охрид што ќе биде и иднина и дом. Да биде Охрид енергијата на нашите заеднички животни приказни и да ја продолжиме заедно сплотени, битката за иднината на нашите деца. Охрид може и мора да биде пример за развој, за чиста средина и за култура што ќе трае“, им порача на гласачите во Охрид се уште актуелниот градоначалник, Кирил Пецаков.