Connect with us

Кошарка

Медиуми: Вестбрук ќе потпише за Сакраменто

Најдобриот кошаркар во НБА лигата во 2017 година Расел Вестбрук ќе стане нов играч на Сакраменто, објави денеска телевизијата ЕСПН.

Се очекува Вестбрук официјално до крајот на оваа недела да стане нов играч на Сакраменто, кој беше во контакт со 36-годишниот американски плејмејкер за време на целата сезонска пауза.

Вестбрук играше за Денвер минатата сезона, во која имаше просек од 13,3 поени, 6,1 асистенции, 4,9 скока и 1,4 украдени топки по натпревар.

Поголемиот дел од својата кариера Вестбрук ја мина во Оклахома, за која играше кога беше прогласен за МВП во сезоната 2016/17. Вестбрук ја заврши таа сезона со просек од 31,6 поени, 10,7 скокови и 10,4 асистенции, станувајќи првиот играч по Оскар Робертсон кој ја завршил сезоната со трипл-дабл.