Општини
Коњановски: Заедно со граѓаните размислуваме, создаваме и работиме

Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните. Токму затоа, заедно размислуваме, пишуваме и работиме на идеи што го прават секојдневието подобро.
Една од најголемите иницијативи на граѓаните е Хотелот Битола и негово адаптирање во Дом за стари лица. Така ќе овозможиме достоинствен живот за нашите највозрасни сограѓани, со топол дом, грижа и внимание што го заслужуваат.
Граѓаните предлагаат секое дете од 1 до 3 одделение да добие бесплатен оброк. Исто така, како приоритетни барања, нашите сограѓани сметаат дека треба да се обезбедат ученички униформи за учениците од 1 до 5 одделение, да се организираат летни кампови за децата од социјално загрозени семејства, да се зголемат капацитетите на градинките, за да има место и грижа за секое дете, да продолжи акцијата за отстранување на дивите објекти и гаражи, особено во Нова Битола, и многу други.
Вистински избор се проекти создадени од граѓаните, за граѓаните, заеднички труд и идеи што стануваат реални проекти.
Вистински избор е заедничкиот труд – кога гласот на граѓаните станува проект што го менува секојдневието.
октомври 16, 2025