Сервисни информации
До сабота променливо облачно со повремен дожд

Под влијание на влажен бран од Медитеранот до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќва и утре особено во западните делови кога се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Утре ќе дува умерен југоисточен ветер, особено долж Повардарието, соопшти УХМР.
Во Скопје, кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат побилни.
октомври 16, 2025