Општини
Андов: Ќе формираме Советодавно тело од претставници на месните и урбаните заедници за подобра комуникација со Општинскиот совет

Носителот на листата со кандидати за советници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за претстојните Локални избори, Александар Андов, денеска одржа прес конференција на која најави формирање на советодавно тело кое ќе има за цел поголема транспарентност и непосредна комуникација со Советот на Општина Кочани.
-Во ова советодавно тело ќе бидат опфатени претседателите на сите месни и урбани заедници, кои ќе ги претставуваат интересите и потребите на граѓаните од нивните подрачја. На секоја месна и урбана заедница ќе и биде отворена посебна жиро сметка;т
на која ќе се префрлаат средства за: одржување на јавни површини, поправки и мали инфраструктурни интервенции, рече Андов.
Овој модел, продолжи тој, ке овозможи дел од општинските средства да се распредегуваат директно на локално ниво, слично на принципот по кој централната власт ги поддржува општините со средства по глава на жител.
Со оваа пракса, според носителот на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Александар Андов, секој жител на Општина Кочани ќе има можност директно да учествува со свои идеи, предлози ииницијативи, што ќе придонесе за поефикасно решавање на локалните проблеми и подобрување на квалитетот на животот во заедницата.
октомври 16, 2025