Connect with us

Општини

ВМРО-ДПМНЕ: 9 за Продановски за изградба на обиколниците Исток и Запад, нова детска градинка, два нови паркови и многу други проекти

Прилеп продолжува да се развива. Во наредните 4 години го очекува уште подинамичен развој, со многу проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во секој сегмент.

Дејан Продановски е вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп.

Продановски во својата програма за следниот четиригодишен мандат пред прилепчани се обврзува на чистење и партерно уредување на Градската река во Прилеп по целата должина. Со ова се предвидува уредување на речното корито, односно изградба на кејски ѕидови, изградба на пешачки патеки и поставување на урбана опрема. Заокружување на градот со обиколници „Исток“ и „Запад“.Со овој проект ќе се постигни растеретување на патната инфраструктура во градското подрачје, а воедно и ќе се обезбеди побрз транзит на товарните возила.

Изградба на нова детска градинка во УЗ „Рид“ преку модерно урбанистичко решение. Градинката ќе се гради на површина од 2000 м2. Потоа, реализација на проектот „Градина“. Изградба на комплетна инфраструктура за модерна населба, како и изградба на 2 нови паркови.

Продановски има јасна визија и цел за Прилеп да продолжи да се гради.

Затоа ги повикуваме прилепчани на 19 октомври да излезат во што поголем број и да дадат поддршка за Продановски и за советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Заокружи 9 за реални проекти за Прилеп, за решавање на проблемите на граѓаните и за посветено и одговорно работење.

Заокружи 9 за твојот човек, твоето место и твојата иднина.