Connect with us

Регион

Унгарски полицајци испратени во Србија и во Бугарија за зајакнување на граничната безбедност

Нов контингент унгарски полициски единици е испратен во Србија и во Бугарија со цел поддршка во обезбедувањето на надворешните граници на ЕУ преку сузбивање на нелегалната миграција.

Унгарските полицајци, во духот на европската солидарност, им помагаат на своите српски и бугарски колеги во сузбивањето на нелегалната миграција на западнобалканската рута, што продолжува да претставува сериозен предизвик за земјите од регионот, соопшти унгарската полиција.
Контингентот е составен од 26 припадници кои веќе имаат искуство во меѓународни задачи.

„Заедничката служба има за цел да придонесе за зајакнување на безбедноста на Унгарија и Европската унија, додека самата мисија бара висок степен на одговорност, посветеност и професионална подготвеност од учесниците“, наведоа високи припадници на унгарската полиција.