Connect with us

Општини

Петар Ружински најавува рехабилитација на патот Берово – Струмица како врвен приоритет

Петар Ружински, кандидат за градоначалник на Општина Берово од ВМРО-ДПМНЕ, во видео објава ги презентира своите планови за целосна рехабилитација на регионалниот пат Берово – Струмица, кој е клучна сообраќајна артерија за Малешевијата.

– Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот. Овој пат е во лоша состојба, небезбеден и полн со оштетувања, што го отежнува патувањето и транспортот на стоки“, истакнува Ружински.

Според него, Владата на ВМРО ДПМНЕ како врвен приоритет ќе ја постави целосната рехабилитација на овој патен правец, која ќе вклучува темелна обнова на подлогата, комплетно нов асфалт и модерна сигнализација.

– Подобрата поврзаност значи побрз економски развој и поголема безбедност за сите граѓани. Завршуваме дел по дел од проектите кои нè поврзуваат и ја подобруваме клучната сообраќајна артерија за Малешевијата“, потенцира Ружински.

Кандидатот ги повикува граѓаните да го поддржат со бројот 9 на претстојните избори за локална самоуправа.