Општини
Николоски: Гостивар забрзано го развиваме, активно се работат автопатите до Гостивар и до Кичево

Со изградбата на автопатите на коридор 8 и реконструкција на железничката пруга од Скопје до Кичево, општина Гостивар ќе стане центар на Коридор 8 во овој дел на Македонија. Имаме одлична динамика на изградба на двата автопати од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани, а веќе заврши и јавниот повик за изградба на автопатот од Букојчани до Кичево, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на општина Гостивар.
Во однос на автопатот од Букојчани до Кичево тој потенцираше следи евалуцаија на понудите и се очекува март месец да се започне со изградба и на овој автопат.
“ Веќе интензивно се работи на двата патни правци , експропријацијата е речиси завршена, сега се работи на дислокација на водови, така што имаме два патни правци кои се градат кон Гостивар, едниот е Тетово-Гостивар, другиот Гостивар Букојчани. И дополнително на тоа што е значајно за мене е тоа што Гостивар -Букојчани е најтешкиот инженерски потфат кој што се работи во моментов. Од 32 километри, 17 се веќе пробиени, а во март месец ќе почне да се гради и од делот на Букојчани така да за прв пат ќе имаме автопат кој се гради во двете страни и да се спои во средина. И на ова имаме трета работа, а тоа е дека завршен е јавниот повик за изградба на автопатаот од Букојчани до Кичево. Има три понуди, тие ќе се евалуираат и ќе се избере најдобрата понуда и очекувам во март и таму да имаме работа што значи дека ако на тоа ги надоврземе дека на Кичево Охрид пуштивме 34 километри во функција а работиме и на другите колометри, тоа би значело дека некаде крајот на 2028, почетокот на 2029 година, Гостивар ќе стане центар бидејќи ќе има комплетно автопатско поврзување на коридор 8 што многу ќе помогне во развојот на трговијата и економијата” – истака Николоски.
Вицепремиерот најави дека се рабти на постапки и за реконструкција на железницата од Скопје преку Гостивар до Кичево.
“ Владата веќе усвoи грант кој го додели ЕУ за израбoтка на предфизибилити студија, физибилити студија, еколошка студија, проектна документација за целосна рехабилитација, електрификација и сиганилизација за пругата од Скопје -Јегуновце-Тетово – Гостивар до Кичево. Според барањата на ЕУ, целокупната документација за 18 месеци ќе се заврши и се надевам дека 2027 година ќе имаме избран изведувач кој би работел, а 2029 година да се заврши овој проект. Возови би сообраќаеле со 120 км на час што значи некаде за 40 минути од Гостивар ќе се патува до Скопје или 20 минути до Тетово, што мислам дека ќе целосно ќе ја промени начинот на комуникација во градот “ – изјави вицепремиерот Александар Николоски.
октомври 15, 2025