Скопје
Меџити го претстави новото кошаркарско игралиште во Гази Баба: Инвестиција за младите и енергијата на спортот

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го претстави новоизграденото кошаркарско игралиште во населбата Гази Баба, оценувајќи го овој проект како конкретен чекор за развој на младите и поттикнување на спортските
активности во заедницата.
“Новото кошаркарско игралиште што штотуку го изградивме ќе биде место
каде што нашите деца ќе растат во духот на натпревар, тимска работа и
успех. Секој постигнат кош е чекор кон самодоверба, кон соништата што
започнуваат од нашите улички и водат кон големите арени,“ истакна
Меџити.
Тој потенцираше дека преку овие инвестиции во спортска инфраструктура се
создаваат простории кои им даваат живот на населбите и го зајакнуваат
чувството на заедништво.
“Ние веруваме во младите на Гази Баба. Затоа инвестираме во спортска
инфраструктура, во простории кои внесуваат живот во нашите маала, во
проекти кои ја прават населбата посилна и поубава. Ова е Гази Баба –
активна, жива, со позитивна енергија и со визија за иднината. Ова е
нашата политика: да градиме, да развиваме и да им овозможиме на сите
деца да растат со достоинство и страст. Кошаркарското игралиште е само
почеток. Големата победа е онаа на Чаир,“ потенцираше кандидатот на
ВЛЕН, Изет Меџити.