Скопје
Меџити: Филозофијата на нашето управување е со луѓето, на терен, а не од канцеларија

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, ја посети куќата на семејство на Шериф Елези во населбата Стар Чаир. За време на посетата, тој директно разговараше со присутните за нивните очекувања, конкретните потреби на населбата и инвестициите кои се реализираат за подобрување на инфраструктурата и условите за живот во општината, се вели во соопштението од изборниот штаб на Изет Меџити, коешто МИА го објавува интегрално.
Меџити истакна дека улиците се реконструираат, зградите ќе бидат опремени со лифтови, се градат училишта, градинки и кампусот на Универзитетот Мајка Тереза, посветувајќи се секој проект да служи на благосостојбата на жителите.
“Ова е филозофијата на нашето управување, со луѓето, на терен, а не од канцеларија. Секоја инвестиција што ја правиме има една единствена цел: да го претвори Чаир во место каде секој се чувствува вклучен, почитуван и со достоинствени услови за живот“, изјави Меџити, заблагодарувајќи им се на домаќините за топлиот пречек.
октомври 15, 2025