Скопје
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Нов модерен затворен базен во Бутел! (3Д анимација)
Со големо задоволство сакам да ви најавам дека граѓаните на општина Бутел ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ “Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел.
Заокружи број 9!
октомври 15, 2025