Connect with us

Скопје

Костовски: Целосна реконструкција на 6 клучни улици во Визбегово

Почитувани граѓани на населеното место Визбегово,

Од денеска, па во наредниве денови започнуваме да реализираме, да рекоснтруираме целосно шест нови значајни, битни сообраќајници.

Би рекол едни од поважните улици на територија на Визбегово.

Во изминатиот период успеавме да реализираме шест улици, со тоа добиваме бројка од 12 улици коишто ќе бидат целосно реконструирани во овој период.

Визбегово, покрај тоа, доби и ново училиште, а здравје Боже многу наскоро, за време на наредниот мандат, ќе добие и нова детска градинка и нова градежна офанзива.

Затоа ја очекувам поддршката од сите вас за проекти, за работа и за многу труд.