Connect with us

Економија

Во август над 226 илјади туристи, најмногу од Турција

Во август годинава во земјава имало 226 179 туристи кои оствариле 846 221 ноќевања. Од нив 48 отсто се домашни, а 52 отсто странски туристи од кои најголем број – 49 093 се од Турција, 10 309 од Србија, 5 202 од Романија, а 5 075 од Холандија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 73,4 отсто од вкупниот број на ноќевањата во август се реализирани од домашните туристи, а 26,6  отсто од странските туристи.

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,8 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 1,4, а кај странските зголемување за 11,6  отсто. Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 1 отсто при што кај домашните туристи има намалување за 4, а кај странските има зголемување за 8,1 отсто.