Сервисни информации
Вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид

Припадници на редовниот состав од Полициската станица од општа надлежност од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, како и од криминалистичката полиција, денеска и утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје.
Како што соопштија од СВР – Охрид, за предвидените активности претходно се известени соодветните служби и стрелиштето, Ловечкото друштво – Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.
Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршија теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони, а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.
Од полицијата се апелира до граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.
октомври 14, 2025