Регион
Руте во официјална посета на Словенија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска е во официјална посета на Словенија, каде ќе присуствува на заедничката седница на Парламентарното собрани на Алијансата во Љубљана.
Подоцна е предвидена средба со премиерот на Словенија, Роберт Голуб во Брдо крај Крањ, со кого ќе разговара за ситуацијата во Украина и на Западен Балкан.
Тоа е прва официјална посета на Руте на Словенија, откако на 1 октомври 2024 година ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО. Словенија е земја-членка на Алијансата од 29 март 2024 година.
Руте ќе има средби и со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и со претседателката на Парламентот, Уршка Клалочар Зупанчич.
На седницата на Парламентарното собрание на НАТО преку видеоврска ќе се вклучи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Седницата на Парламентарното собрание на НАТО доаѓа неколку месеци по клучниот состанок во Хаг, каде што шефовите на државите се согласија да ги зголемат инвестициите во одбраната на пет проценти од бруто домашниот производ до 2035 година.
октомври 14, 2025