Вести
На ТОАРИЛУЦ се вработени осум доктори на специјализација, четири доктори на медицина, 22 болничари, 12 хигиеничари и 20 медицински сестри

Осум доктори на специјализација, четири доктори на медицина, 22 болничари, 12 хигиеничари и 20 медицински сестри се вработени на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Ова денеска го изјави директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски, кој рече дека тие кои работеле со договор на дело се вработени на неопределено време и седум години чекале за решение за работа.
– Со проектот на Владата и Министерството успеавме да ги вработиме и да им дадеме иднина, додаде Мерџаноски
октомври 14, 2025