Фудбал
УЕФА го назначи Турчиниот Мелер за судија на гостувањето на македонската репрезентација во Гент

УЕФА назначи судиска четворка од Турција, предводена од 39-годишниот Умут Мелер, за утрешниот натпревар на македонската репрезентација на гостински терен против Белгија во Гент во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Мелер е судија со знакот на ФИФА и УЕФА од 2017 година, а беше меѓу арбитрите на последното Европското првенство минатата година во Германија.
Во декември 2023 година, Мелер беше физички нападнат по завршувањето на натпреварот од турското првенство меѓу Анкарагучу и Ризеспор.
Во физичкиот напад што го извршија претседателот на Анкарагучу и уште две други лица, Мелер се здоби со повреди на окото и главата.
Макеоднската репрезентација како првопласирана во групата, со 11 бодови по пет одиграни кола ѝ гостува утревечер од 20:45 часот на Белгија, која е на второто место со бод заостанување, но и натпревар помалку.