Connect with us

Сервисни информации

Септември топол до многу топол и посушен месец

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, септември се карактеризира како топол до многу топол и посушен месец во однос на количества врнежи на ниво на држава, во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20. Средномесечната температура се движеше од 13,6 степени во Лазарополе до 22,7 во Гевгелија. Споредено со просечните септемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната температура беше 1,8 степени над просекот, информира УХМР.

Највисоката максимална температура беше измерена на 2 септември во Гевгелија и изнесуваше 36,5 степени, а најниската минимална во Берово, на 19 септември и изнесуваше 1,2 степена. Месечната сума на врнежи варираше од 1,8 mm во Струмица до 32,9 mm во Маврово. Врнежите беа од дожд. Максималното дневно количество врнежи од 19 mm беше регистрирано во Битола на 04-ти во месецот. Споредено со септемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше за 65 отсто под просечната на ниво на држава, наведува УХМР.