Connect with us

Кошарка

Акционерите на Евролигата го разгледаа планот на НБА за основање европска филијала уште во 2027 година

Евролига одговори на плановите на НБА. „Спортандо“ повикувајќи се на грчки извори информира за состанок на акционерите на Евролигата одржан во Барселона.

НБА-лигата го таргетира 2027 година како датум за создавање на европска дивизија. Се очекува учество на шеснаесет екипи: 12 постојани екипи и уште четири кои ќе се квалификуваат преку нивните локални лиги.

Раководителите на Евролигата се подготвуваат за самит со ФИБА и НБА, кој ќе се одржи утре (8 октомври), во Женева.

На состанокот на одборот на Евролигата се дискутираше и за иднината на Реал Мадрид, Барселона, Фенербахче и Вилербан, кои немаат потпишано повеќегодишни лиценцирани договори.