Connect with us

Свет

Гувернерот на Илиноис тврди дека Трамп бара Националната гарда на Тексас да се распореди во неколку сојузни држави

Гувернерот на Илиноис, Џ. Б. Прикер, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, бара распоредување на 400 припадници на Националната гарда на Тексас во Илиноис, Орегон и други делови од Америка.

Прикер го критикуваше потегот во објава на социјалните мрежи, повикувајќи го гувернерот на Тексас, Грег Абот, „веднаш да ја повлече целата поддршка за одлуката и да одбие да се координира“ со федералните власти.

Федерален судија привремено ѝ забрани на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да распоредува единици на Националната гарда во Орегон, вклучително и трупи од Калифорнија, откако неколку државни гувернери го обвинија претседателот за неуставно користење на војската за политички цели.

Одлуката дојде откако околу 200 припадници на Националната гарда на Калифорнија, кои претходно беа стационирани во Лос Анџелес, беа префрлени во Портланд без претходна најава или одобрение од федералните и локалните власти.

Трамп претходно ги означи Портланд и Чикаго како градови погодени од криминал и немири, но локалните лидери тврдат дека тоа е „политички мотивирана реторика“.