Connect with us

Кошарка

Атанасов: Мора да покажеме дека сме фаворити за врвот на табелата

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром утре ја стартува новата сезона во АБА 2 лигата. По стартниот триумф во домашното првенство против Маџари и освоениот Супер куп со победа над Кожув за првакот следува вистински предизвик.

– Новиот систем по кој ќе се игра во АБА 2 лигата ја зголемува важноста за секој натпревар, едноставно немате право на кикс, ако имаше желба да се борите за висок пласман. МЗТ Скопје Аеродром тоа го сака против Вршац влегуваме мотивирани со желба да покажеме дека сме фаворити за врвот на табелата. Секако очекувам, а тоа сите го знаат дека нашето најсилно оружје се навивачите и ги повикувам да дојдат во поголем број, сезоната во регионалната лига да ја почнеме со победа, изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром Васко Атанасов.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Вршац се игра во вторник со почетокот во 20 часот во СЦ „Јане Сандански“.