Сервисни информации
Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен Извештај на ЈП „Водовод и канализација“.
Анализите за квалитетот и безбедноста на водата ги спроведе Секторот за санитарна контрола од 29.09.2025 до 03.10.2025. Земени биле 210 примероци за физичко-хемиска и 210 примероци за микробиолошка анализа од 45 мерни места во Градот Скопје.
-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведува ЈП „Водовод и канализација“.
октомври 6, 2025