Општини
ДСР: Поддршка за листата на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар

Општинската организација на Демократските сили на Ромите (ДСР) во Гостивар одржа работен состанок со локалните координатори на партијата. На состанокот беше разгледана подготовката за претстојните локални избори и координацијата на активностите на терен.
Тргнувајќи од колективниот интерес и потребите на ромската заедница во Гостивар, Општинската организација на ДСР ја дава својата поддршка за листата на советници на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, која настапува под број 9. Со оваа одлука, ДСР стои зад политички избор што ќе го зајакне ромскиот глас во Гостивар и што ќе го штити соживотот меѓу заедниците.
ДСР изразува верување во локална власт што ги поврзува различните етнички заедници со политики што носат реални резултати, економски можности и почит за секој жител на Гостивар.
октомври 6, 2025