Connect with us

Општини

Божинов: Цевковод долг 8,5 км до Ново Село и Самоилово, за чиста и здрава вода за пиење

Со години наназад проблемот со водоснабдувањето беше едно од најболните прашања за жителите на Ново Село и Самоилово.

Со овој проект конечно ќе го решиме тоа, ќе изградиме нов довод на чиста вода од планината Огражден преку зафат на реката кај Стиник и цевковод долг 8,5 км.

Ќе ја реконструираме филтер станицата и резервоарите со што ќе обезбедиме чиста, здрава и безбедна вода за сите домаќинства.

Дополнително ќе ја намалиме и потрошувачката на електрична енергија, тоа значи чиста и здрава вода за пиење за секое семејство и крај на еден долгогодишен проблем.

Почитувани мои сограѓани, општина Ново Село е нашиот дом, нашата љубов нашата иднина и нашата сила се овде, меѓу овие луѓе, овие улици и полиња.

Мојата визија за општината се темели на приоритетни проекти кои ќе донесат поквалитетен живот, посигурна иднина и нова енергија и развој за Ново Село.