Култура
Во Музеј галерија Кавадарци отворена изложба на слики од академскиот сликар Трајче Чатмов

Слики од академскиот сликар Трајче Чатмов, се дел од изложбата што синоќа беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци.
На настанот беше кажано дека Трајче Чатмов, роден 1971 година, е еден од водечките современи македонски сликари. Слика на разни тематики и во различни уметнички техники.
Чатмов има реализирано бројни самостојни изложби во земјава и странство, а учествувал и во групни изложби на уметнички дела.
Настанот беше збогатен со настап на дуото Тиана и Дани.
октомври 5, 2025