Скопје
Шанса за Центар- Независни заедно: Жителите на Капиштец живеат со бучава, отпад и несовесно однесување

Бучавата од угостителските објекти на улицата Народен фронт, оштетувањето на јавната опрема од несовесни луѓе, движењето на скутери и електрични тротинети по пешачките патеки, мешањето на отпадот од кафеаните со комуналниот и неподносливата миризба која се шири од преполните контејнери се дел од проблемите во населбата Капиштец, за кои денеска разговаравме со многу наши сограѓани, се наведува во соопштението на „Шанса за Центар- Независни заедно“
На средбата присуствуваа кандидатите за градоначалник на Општина Центар Билјана Ивановска и на Град Скопје Горан Марковски, носителите на советничките листи за Центар Јане Димески и за Град Скопје Јана Белчева Андреевска, како и кандидатите за советници од иницијативата „Шанса за Центар- Независни заедно“.
За овие горливи проблеми ние нудиме конкретни и остварливи решенија, меѓу кои:
-изработка на акционен план за мапирање и управување со бучавата,
-набавка на сензори и инструменти за постојано мерење на нивото на бучава,
-зголемување на бројот на контејнери за селекција на отпад (пластика, стакло, хартија, органски отпад),
-воведување на комунална полиција која во тесна соработка со МВР ќе работи на санкционирање на несовесното однесување и уништувањето на јавниот простор.
Со ова сакаме да испратиме јасна порака дека Капиштец – и секое маало во Центар и Скопје – заслужува чист, безбеден и тивок јавен простор, во кој граѓаните ќе можат достоинствено да живеат.
октомври 5, 2025