Формула 1
Ф1: Расел ќе стартува од пол позицијата во Сингапур

Британецот Џорџ Расел (Мерцедес) ќе стартува од полпозицијата на утрешната трка за Големата награда на Сингапур во Формула 1, а светскиот шампион Макс Верстапен ќе го комплетира првиот ред во болидот на Ред Бул.
Англичанецот Расел ја извозе патеката Марина Беј за една минута и 29,158 секунди и беше 0,182 секунди пред Холанѓанецот Верстапен, додека лидерот сезонава во генералниот пласман Австралијанецот Оскар Пјастри (Мекларен), беше трет.
За Расел ова е втора полпозиција оваа сезона, а вкупно седма во кариерата
Трката за Големата награда на Сингапур ќе стартува в недела во 14 часот.
октомври 5, 2025