Кошарка
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром тешко до победата против дебитантот Маџари

Првакот МЗТ Скопје Аеродром со победа 77:70 ја почна одбраната на титулата. „Сино-белите“ на домашен терен го совладаа дебитантот во Супер лигата тимот на Маџари – 77:70 (27:25; 16:15; 17:15; 17:15).
Екипата на Маџари беше рамноправна во текот на целиот натпревар, но сепак во завршницата првакот не дозволи изненадување.
Чарли Гил од МЗТ Скопје Аеродром беше најефикасен со 22 поена.
Од стартното коло утре се игра дуелот: Гостивар – Тиквеш, додека другите дуели се на програмата во недела, а двојките се: Феникс – Ангели, Чаир – МКК Куманово, Кожув – ТФТ и Работнички – Пелистер.
октомври 4, 2025