Connect with us

Скопје

Саракинов: Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици

Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици.

Токму ваквите згради зад мене се причината и заради која СДС, Филипче и Заев го поддржуваат Стевчо Јакимовски и се во тајна коалиција со него, пуштајќи го нивниот партиски кандидат низ вода.

Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски во својата изборна програма од 2021 година вети ни помалку ни повеќе туку 250.000.000 м2 нови зелени површини во општината.

4 години потоа во Карпош не само што нема нови зелени површини, туку и постоечките се уништени, не се одржуваат, а наместо зеленило имаме десеткатници каде вообичаено би требало да има куќи за индивидуално домување или помали згради.

Ова овде зад мене е дел од Тафталиџе, кое некогаш беше најмирната населба во Карпош, сега е пренатрупана со згради вез никаков план за хумано живеење.

Вака изгледа кога профитот ќе се стави пред хуманото урбано живеење.

СДС, Филипче и Заев го поддржуваат Стевчо Јакимовски за да да продолжи.

Глас за Стевчо Јакимовски е глас за забрзана бетонизација на секој чекор, уништено зеленило и повеќе профит во џебот на урбаната мафија на СДС, Филипче и Заев.