Свет
Над воена база во Белгија забележани 15 дронови од непознато потекло

Петнаесет дронови беа забележани минатата ноќ над воената база „Елзенборн“, што се наоѓа во источна Белгија во близина на границата со Германија, соопшти денеска белгиското Министерство за одбрана.
Во соопштението се посочува дека Армијата на Белгија го истражува инцидентот, додека белгискиот министер за одбрана Тео Франкен изјави дека засега нема конкретни индикации дека зад индцидентот стои Русија.
Белгиските медиуми јавија дека дроновите биле забележани од припадници на полицијата во германскиот пограничен град Дирен околу 1:45 часот по полноќ. Полициајците ги виделе леталата над базата „Елзенборн“ и тие потоа преминале во воздушниот простор на Германија.
Дроновите биле регистриран и од страна на белгиските системи за контрола на воздушниот простор, чии претставници информира дека леталата се наоѓале на разлилни висини.
Засега не е познато од каде долетале дроновите и кој управувал со нив.
На прашање дали зад овој инциден стои Русија, министерот Франкен изјави дека е можно, но дека во моментов нема конкретни докази за тоа.
– Тоа треба да се истражи. Лично мислам дека тие дронови се пример за хибридна закана. Тоа е начин да се предизвика немир. Тоа е моделот што Русија го применува со години, изјави Франкен.
Бeлгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ посочува дека ова претставува „многу бизарен инцидент“, затоа што во базата „Елзенборн“ и „нема што многу да се шпионира“.
октомври 4, 2025